НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ УЧЕСТВУВАШЕ НА ФИНЕКСПО 2013 ВО СКОПЈЕ

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ УЧЕСТВУВАШЕ НА ФИНЕКСПО 2013 ВО СКОПЈЕ

Како претставник на бизнис заедницата, ген. дир. на Адора Инженеринг Скопје, проф. д-р Ванчо Чифлиганец учествуваше на 11-тата Конференција за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2013, што се одржа во  организација на Скопски саем, под покровителство на министерството за финансии на Република Македонија. Во дискусијата на тркалезната маса на тема „Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на  реалната економија“, покрај проф. д-р Чифлиганец, учество зедоа заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, вицегувернерот на НБМ Маја Кадиевска-Војновиќ, претседателот на Здружението на банкарство Ѓорѓи Јанчевски и други претставници на финансискиот и бизнис секторот.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг на Конференцијата ФИНЕКСПО 2013

Д-р Чифлиганец ја истакна заложбата и натаму да продолжи трендот на стабилната монетарна политика во Македонија, стабилниот курс на денарот и стабилниот банкарски сектор, а во 2014-та година да се реализираат капиталните инвестиции од 360 милиони евра, посебно со учество на македонските компании. За забележителниот удел на градежништвото во порастот на македонската економија, според Чифлиганец посебен придонес има рамниот данок, ослободувањето од данок на добивка што се реинвестира и други мерки на владата со кои се создаде позитивна бизнис клима во градежниот сектор.

Д-р Чифлиганец меѓу дискутантите на 11-тата конференција за финансии, деловни можности и економски развој

Заедничка заложба на дискутантите на конференцијата ФИНЕКСПО 2013, беше да се поддржат можностите за развој на приватната иницијатива на малите, средните и големите компании во Македонија. Ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец истакна дека 2013-та година градежната компанија ја завршува успешно, со значајни проекти на планот на инвестициите, на планот на нови вработувања и со обезбедени проекти за 2014-та година, благодарение на јасната визија и стратегија на менаџерскиот тим и поволната бизнис клима создадена од страна на државата. Според д-р Чифлиганец сè што Адора Инженеринг реализира, односно изгради како елитни станбени објекти со врвна асеизмичка сигурност, геомеханичка стабилност, висок квалитет и енергетска ефикасност, е во прилог и корист на граѓаните на Македонија кои купуваат нов дом и на најповолен начин го решаваат животното станбено прашање. 

11-тата конференција ФИНЕКСПО 2013 во Скопје

 

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ