DSCN5242

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, ГЕН. ДИР. НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ИЗЛАГАЊЕ НА ФИНЕКСПО 2014 НА СКОПСКИ САЕМ

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг зеде активно учество на 12-тата конференција за финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО 2014 што денес во присуство на претставници на највисоката државна власт, банкарскиот и осигурателниот сектор, бизнис заедницата и стопанските комори се одржа во Скoпски саем.

Учесниците на 12 Конфенеција ФИНЕКСПО 2014 во Скопје

На средбата на значајните државни, економски и финансиски субјекти во Македонија, вицепремиерот м-р Зоран Ставрески, сумирајќи ги економските резултати од годинава, оцени дека зад нас останува година со добра економијата и позитивни финансиски трендови во банкарскиот и осигурателниот сектор, поради што тој очекува 2015-та година да биде со уште подобар економски раст од 5 %.

М-р Зоран Ставрески, заменик претседателот на Владата на Р. М, проф д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг и учесниците на ФИНЕКСПО 2014

Првиот дискутант од бизнис секторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг порача дека благодарение на поволната бизнис клима особено во градежниот сектор, стабилниот банкарски сектор и издржаните бизнис идеи, градежната компанија Адора Инженеринг, за 12 години израсна во лидер во високоградбата, пет години по ред позиционирана меѓу 25-те најуспешни компании во Македонија. Д-р Чифлиганец, кој порача дека поволната економска состојба во државата го охрабрува да превземе нови инвестициски зафати во наредниот период, ја потенцира потребата од институционална поддршка на развојот на малите и средни претпријатија 

Ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец се обрати на ФИНЕКСПО 2014

 

Еминентниот форум ФИНЕКСПО 2014 во Скопје е традиционалнен годишен  форум на кој значајните финансиски и економски фактори во државата изнесуваат  оценки, иницијативи, идеи и решенија за подобри економски текови во Македонија.

12 Конференција ФИНЕКСПО 2014 во Скопје

Архива