Dragana 4

Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ ГО ПРЕЗЕНТИРА СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ИНТЕРАКТИВЕН ФОРУМ ВО СКОПЈЕ

На непосреден Интерактивниот форум за модерниот општествен развој и „Социјалното претприемништво“, што во организација на Ханибиз и Трипл С Груп се одржа во „Форца“-Скопје, меѓу излагачите од бизнис секторот беше и д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг. Говорејќи за „Маркетинг и бренд придобивките од општествената одговорност на компаниите“, д-р Чифлиганец се осврна на нераскинливата врска на општествената одговорност и грижата за купувачите, вработените, животната средина, граѓаните и пошироката заедница, со имиџот на Адора Инженеринг, што бара одржлив развој и профитабилност на компанијата. Воедно се работи за мудра бизнис филозофија што носи подобро и поуспешно работење и можност за помагање на општеството, од што корист имаат сите. Форумот на кој бројните посетители с еинтересираа и за темите женско лидерство и интер-претприемништво и иновации, имаше и содржини од хуманитарен карактер.

 

Архива