Adora_stanben_kompleks_Novo_Lisice_Skopje

ЗАПОЧНА ИЗВЕДБАТА НА ВРЕЛОВОДНИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ ЗА ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО ПЕТТЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ВО НОВО ЛИСИЧЕ-АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Се известуваат станарите на петте станбени објекти на Адора Инженеринг во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, на улица „Февруарски Поход“ број 8, 10, 14, 24 и 26, дека во тек се активностите за приклучување на парно греење во зградите и дека за околу еден месец се очекува да започне пробното парно греење.

Согласно договорот меѓу Адора Инженеринг и Топлификација инженеринг, во моментов се работи на изведба на вреловодните приклучоци од уличната мрежа до топлотните станици во објектите, што според утврдената динамика ќе трае околу еден месец. По завршувањето на приклучоците и комплетирање на целокупната документација од страна на БЕГ Дистрибуција на топлина, во објектите ќе биде пуштено пробно греење, по што ќе започне испораката на топлинска енергија во станбените згради. Зависно од временските услови, пробното греење ќе трае 15-тина дена. На крај на овој период БЕГ Дистрибуција на топлина ќе започне со склучување на поединечни договори со сопствениците на становите и доколку има доволен број корисници во објектот, БЕГ ќе продолжи со редовна испорака на топлинската енергија.

Адора Инженеринг прави сѐ што е во нејзина моќ, станарите на петте објекти во модерниот комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, оваа зима да имаат испорака на топлинска енергија.

Модерен станбено-деловен комплекс „Адора“-Ново Лисиче-Аеродром-Скопје

Архива