image-3eb85c74ae44fd64554dbd8bc4fb56edefb5e6372439c2413b4535202635097c-V

Највисока асеизмичка стабилност и повекекратно зголемена јачина на вграден бетон имаат објектите на Адора инженеринг на ГП 3.13 и ГП 3.16 во Аеродром-Ново Лисиче,потврди контролата на ИЗИС и Евро Консалтинг

На  16.9.2014 година експерти од ИЗИС работно ги посетија  објектите на Адора Инженеринг кои се градат на ГП 3.13 и ГП 3.16 во Аеродром-Ново Лисиче.Во рамките на своите законски овластувања за задолжително спроведување на 2 проверки, тие на лице место извршија увид, и стручен мониторинг на реализацијата на изведбената документација.

Ова  експертска супер ревизија од ИЗИС резултираше со дадено мислење дека  објектите на Адора Инженеринг и на ова локација се со највисока асеизмичка и друга стабилност и градба согласно: високите стандарди за квалитет, новите Законски прописи и процедури во градежништвото.

На овој мониторинг претходеа редовни контроли за јачина на притисок на бетоните кои се вградуваат во објектите.  Воедно, добиение се и завршните извештаи од реномираната и сертифицирана лабараторија за испитување „Евро Консалтинг“ ДОО- Скопје, која ги вршеше тестирањата.

Врз основа на испитани 73 бетонски пробни тела-коцки, земени од бетоните вградени во објектите на ГП 3.13 и исто толку од ГП 3.16 во Аеродром-Ново Лисиче, од испорачателот АД Цементарница Усје-Скопје, добиени се резултати дека наместо проектираната марка бетон МБ 30, јакоста  на вградениот бетон достигнува до МБ 45. Резултатите  покажуваат на темелната и другите плочи поголема цврстина на притисок и до 50% од проектираното. Марката бетон проектирана МБ40 покажала тест резултати МБ 50, а на многу проби и МБ 60 што е доказ дека и столбовите ќе се и до 50% појаки на притисок.

 

Мониторингот од ИЗИС и резултатите од лабараториските мерења во Евро Консалтинг ДОО -Скопје, уште еднаш, како и многупати претходно на другите објекти, егзактно потврдија дека и објектите Адора Инженеринг на ГП 3.13 и ГП 3.16 во Аеродром-Ново Лисиче се со највисока асеизмичка и секоја  друга стабилност, а градбата  е согласно највисоки стандарди. Вградените бетони се и до  50 % зголемена јачината од пропишаната законска норма во Република Македонија.

Ова за тимот на Адора Инженеринг е потврда дека се остварила нивната заложба. Градбата ќе гарантира сигурни домови за идните станари на објектите Адора Инженеринг на ГП 3.13 и ГП 3.16 во Аеродром-Ново Лисиче, но и дополнителен мотив да продолжат во иста насока:безбедноста и задоволството на купувачите на недвижности да е мотив пред сите други, па дури и пред зголемените трошоци на градба поради вградување појаки, посовремени матријали и градба со подигнати стандарди над проектираните и со закон пропишани постапки за енергетска ефикасност, асеизмичка стабилност и безбедност.

Станбено деловен комплекс Адора – Аеродром-Ново Лисиче

Архива