polo

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА АВТОМОБИЛ ПОЛО ЗА КУПЕН СТАН ВО 2014

Вечерва, 26-ти декември во 20 часот, на корпоративната прослава на Адора инженеринг во хотелот Александар Палас, ќе биде извлечена вредната награда автомобил ПОЛО во наградната игра, во која учествуваат сите купувачи на стан од овој градежен бренд во 2014-та година. Извлекувањето на наградата ќе биде јавно, пред сите присутни на прославата, кога ќе биде објавено името на среќниот добитник, на кого ќе му бидат врачени клучевите и ќе му биде предаден автомобилот ПОЛО. Со наградите за купувачите, Адора инженеринг сака да им се заблагодари за довербата и лојалноста во изборот на овој градежен бренд при изборот на нов дом. 

Архива