Skopje_Aerodrom_Park

СТАНОВИТЕ ВО ОБЈЕКТОТ АЕРОДРОМ-ПАРК ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРИМОПРЕДАВААТ НА КУПУВАЧИТЕ НА КРАЈОТ НА АВГУСТ И ВО ТЕКОТ НА СЕПТЕМВРИ 2014

Адора Инженеринг ги известува сите купувачи на стан и друг недвижен имот во новоизградениот елитен станбено-деловен објект „Аеродром-Парк“ на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 10, Општина Аеродром, Скопје, дека примопредавањето на становите ќе биде кон крајот на август и во текот на септември годинава. По известувањето на купувачите по пошта, меил, на веб и фб, менаџерите за продажба во Адора Инженеринг во договор со нив, ќе го прецизираат терминот за примопредавање на станот.

Елитен станбено-деловен објект Аеродром-Парк во центарот на Општина Аеродром, Скопје

Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, им се заблагодарува на своите купувачи за изборот на овој градежен бренд при купувањето недвижен имот, кој е 100 % македонска сигурна и квалитетна еко градба, прв колективен станбен објект од високата А енергетска класа, што на станарите повеќекратно ќе им заштедува енергија и пари за греење и ладење, од што долгорочните придобивки ќе ги чувствуваат купувачите и нивните потомци. Поради големиот интерес и распродадените станови, Адора Инженеринг планира  нови инвестиции во изградба на елитни станбено-деловни објекти во модерната општина Аеродром, Скопје.

А енергетска класа станбено-деловен објект Аеродром-Парк-Скопје

Архива