20140928_102852

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-ПОДДРЖУВАЧ НА МЕЃУНАРОДНАТА КАЈАК-КАНУ РЕГАТА ОХРИД-2014

Адора Инженеринг го поддржа одржувањето на 14-тата меѓународна регата во кајак и кану на мирни води Охрид-2014, што вчера се одржа во центарот на Охрид во организација на кајак-кану клубот Стрмец, најстар клуб во Македонија што постои од 1947-ма година. На традиционалната регата, што се одржа на стазата Мазија од  хотелот Палас до хотелот Милениум кај градскиот езерски кеј во Охрид, во конкуренција на клубови од Македонија, Бугарија и Црна Гора, првопласиран беше пласмклубот Црн Дрим од Струга, по кој се пласираа екипите на ЕХО К.К. и Стрмец од Охрид.

Адора Инженеринг ја поддржа 14-тата меѓународна кајак-кану регата Охрид-2014 

Меѓународната кајак-кану регата 2014-та, на која учествуваа 80 кајакари од регионот, беше проследена од голем број охриѓани и гости кои сончевиот викенд со пријатно време го минаа на брегот на Охридското Езеро. 

Учесници на меѓународната регата во кајак и кану на мирни води Охрид-2014

Традиционалната поддршка на меѓународната кајак-кану регата во Охрид е дел од општествено одговорните активности со што градежната компанија Адора Инженеринг се грижи за  доброто на заедницата, спортистите, граѓаните и младите генерации и ги помага спортските манифестации во Македонија и регионот. 

Меѓународната кајак-кану регата во Охрид-дел од општествено одговорните проекти на Адора Инженеринг

Архива