DSCN5356

Димитар Ѓорѓиев, спортист кој го поддржува Адора Инженеринг, најдобар кикбоксер на Светскиот куп „Хрватска Опен 2014“

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, го освои престижниот светски куп „Хрватска Опен 2014“ што се одржа викендов во Макарска, со што потврди дека талентот и упорноста се исплатливи. Адора инженеринг која верува и ги помага младите таленти, финансиски го поддржува Димитар во подготовките за позначајните натпревари, а освоените пехари ја оправдуваат довербата во овој млад и перспективен спортист.

Ген. дир. на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец со македонскиот кикбоксер Димитар Ѓорѓиев

Ѓоргиев го освои златниот медал во дисциплината кик-лајт во категоријата до 79 килограми, убедливо најдобар, триумфирајќи во трите борби, со голема разлика. Нашиот кикбоксер во првите две рунди славеше против Хрватот Филип Хркач, потоа и против Џенан Алибабиќ од БИХ, а во финалето се избори за победа против  хрватскиот репрезентативец Младен Секирица.

Димитар Ѓоргиев, најдобар кикбоксер на Светскиот куп „Хрватска Опен 2014“

Aдора инженеринг во рамките на општествено одговорните активности и преку фондацијата што ќе се формира наскоро, ќе продолжи и во иднина да ги поддржува талентите, коишто ветуваат големи спортски и други достигнувања и се достојни претставници и афирматори на Република Македонија.

Архива