DSCN4804

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВИ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР НА ООН ВО СКОПЈЕ

Адора Инженеринг, својата долгогодишна посветеност и искуство како општествено одговорна компанија ја презентира пред учесниците на интернационалната конференција “Општествената одговорност-услов за конкурентен и одржлив бизнис“ што со претставници на 20 држави од Европа и САД, се одржува во Скопје, како годишен форум на европските мрежи на Глобалниот Договор на ООН, најголемата светска мрежа на општествено одговорни компании во светот. На  конференцијата, што е значајна меѓународна афирмација за Македонија и општествено одговорните практики, беше потпишан меморандум за соработка меѓу Македонската мрежа на Глобалниот Договор и Националниот совет за претприемништво, со цел низ соработка на сите инстанци,  да се развива и унапредува општествената одговорност во државава, за што постои традиција на овие простори, а може да биде исклучително позитивен импулс за подобрување на бизнис имиџот на компаниите.

 Адора Инженеринг ја поддржа и учествуваше на меѓународната конференција за општствената одговорност во Скопје

„Општествената одговорност е еден од главните приоритети во долгорочната бизнис стратегија, вградена во корпоративниот идентитет, имиџ и стил на Адора Инженеринг, која како градежен лидер во високоградбата во Македонија, е препознатлива и по општествено одговорните практики, за што има добиено  повеќе национални и меѓународни признанија. Долгорочен проект на кој се гордееме и постојано го унапредуваме е изградбата на еко домовите по што сме први во Македонија и регионот. Резултат на тоа е изградбата на првиот енергетски ефикасен објект за колективно домување во Македонија од високата А-класа, за кој на Адора Инженеринг и е издаден првиот „енергетски пасош“ А-класа, сертификат кој и официјално ги верификува одличните енергетски идникатори, кои се од 30 до 50 % подобри од законски пропишаните. Повеќекратни придобивки од еко домовите имаат станарите, преку заштеда во потрошувачката на енергија и трошоците за греење, а намалена е и емисијата на CO₂ во воздухот, со што се заштитува животната средина.  Адора Инженеринг е прва компанија што во Македонија ги воведе и фотоволтаиците на сончева енергија, за заедничко осветлување на станбените објекти. Со долгорочно економичното домување, купувачите во  Адора Инженеринг добиваат и сигурно домување во станови со врвна асеизмичка стабилност, научно потврдено преку тест со вештачки земјотрес со ИЗИИС, во што сме прва и единствена компанија во самостојна Македонија“. – порача Нина Кепеска, ПР и маркетинг менаџер во Адора Инженеринг, членка на Глобалниот Договор на ООН.

Нина Кепеска, ПР менаџер во Адора Инженеринг ги претстави општествено одговорните практики на Адора Инженеринг на конференцијата во Скопје

Учесниците на конференцијата, дебатираат за искуствата на компаниите во европските мрежи на Глобалниот Договор на ООН, меѓу кои своите искуства ги претставуваат и македонските компании, со цел да се унапреди општествената одговорност, во услови на одржлив бизнис.

Адора Инженеринг на конференцијата за општествена одговорност во Скопје се претстави со новиот корпоративен филм и публикации на англиски јазик

Архива