АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО НАЈДОБРИТЕ ООП ПРАКТИКИ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈАТА ЗА ПРОЕКТОТ КОО ЗА СИТЕ

Адора Инженеринг учествуваше на панел дискусијата што во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија се одржа во Скопје, на која беа презентирани придобивките од проектот Корпоративна општествена одговорност за сите CSR for ALL. Претставниците на националното координативно тело за општествена одговорност, здруженијата, институциите и компаниите што се занимаваат со оваа проблематика, заклучија дека во Македонија е зголемена свесноста за општествената одговорност, но треба да се работи на стандардизирана примена, препознавање и информирање на јавноста за општествено одговорните практики.

Според Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија  има мали компании кои не препознаваат дека спроведуваат општествено одговорни практики, кои треба да бидат подобро информирани и да ги истакнуваат добро спроведените проекти, а во овој контекст, треба да се најде начин за поттикнување на компаниите поквалитетно да го водат својот бизнис. Бошков оцени дека воведувањето на ООП е финансиски трошок за компаниите, но нивното спроведување е инвестиција за долгорочна одржливост.

Претставничката на Адора Инженединг Нина Кепеска, одговорна за односи со јавност и општествената одговорност во компанијата, истакна дека општествено одговорните практики се корисни за сите, за компанијата, вработените, купувачите, граѓаните и за општеството. Презентирајќи ги позитивните искуства на Адора Инженеринг во градењето на долгата и богата традиција како  општествено одговорна компанија, за што секоја година е наградувана, Кепеска оцени дека општествената одговорност го подигнува реномето и имиџот на компаниите, со што тие се поконкурентни на домашниот и на странските пазари.

Еден од главните стратегиски приоритети на Адора Инженеринг е општествената одговорност, со што компанијата, членка на Глобалниот Договор на ООН, благодарение на одржливиот развој, гради подобро општество за сите.

 

Архива