Adora stanben kompleks Novo Lisice-Skopje

ИЗМЕНИТЕ ВО „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ ОД ГОЛЕМА КОРИСТ ЗА КУПУВАЧИТЕ, ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО ВИСОКОГРАДБАТА И ДРЖАВАТА

Во градежната компанија Адора Инженеринг се оценува дека новите позитивни  измени на министерството за финансии на условите предвидени со проектот „Купи куќа, купи стан“ се одлична работа за градежниците, од што корист ќе имаат сите, и купувачите на станови, производителите на градежни материјали, инвеститорите во високоградбата и државата, што значително ќе го зголеми и прометот во високоградбата. „Сметаме дека со овој потег владата продолжува да ги следи инвеститорите во високоградбата со подобрување на бизнис климата во градежништвото. Досега во Адора Инженеринг во рамките на овој проект се продадени 22 станови, а во идниот период очекуваме значително да порасне бројот на апликациите и одобрувањата, да се олесни и забрза постапката за купување нов дом на граѓаните со „Купи куќа, купи стан“. – вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.

Искуството од досегашната работа во Адора Инженеринг покажа дека некои од апликантите, особено младите брачни парови, за многу мал износ со кој ги надминуваа вкупните приходи од 900 евра, како што е времено зголемување на платата, не ги исполнуваа условите предвидени со проектот. Сега има поголема флексибилност со новиот зголемен лимит  од 1.300 евра приходи на семејството кое аплицира. Поголем број граѓани ќе можат да се вклопат во проектот и со можноста да аплицираат и сопственици или наследници на дел од имот. Со овие многу позитивни промени, во реалната постапка треба да се надминат пречките поради кои во Адора Инженеринг чекаат на одобрување неколку апликации. Таков е случајот со апликантката чие барање не беше прифатено поради тоа што е наследничка на 1/5 од семејна куќа во рурална средина, што со измените нема да биде пречка за аплицирање во проектот „Купи куќа, купи стан“. – велат во Адора Инженеринг, сметајќи дека измените се одличен потег на владата што драстично ќе се зголеми бројот на апликантите, а и апликациите кои чекаат, ќе се решат позитивно. Со овој проект граѓаните од различни социјални и економски слоеви имаат можност во Адора Инженеринг по прифатлива цена и услови да станат сопственици на свој квалитетен, долгорочно економичен дом од овој докажан градежен бренд во Македонија. Прочитајте повеќе на:

http://www.finance.gov.mk/node/3985

Елитен комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје

 

 

Архива