1111adoraStanbenObjektNovoLisice

НОВИНА ВО ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“-СУБВЕНЦИЈАТА ЗА ПОЛОВИНА УЧЕСТВО СТАНА НЕПОВРАТНА

Владата на Република Македонија воведе нова поволност во „Купи куќа, купи стан“ и преку субвенција на 50 и 75 % од учеството, сака да го зголеми интересот на граѓаните за купување стан или куќа преку овој проект. Граѓаните кои аплицираат за државни субвенции за обезбедување сопствен стан, сега ќе можат да добијат неповратни 50 % од учеството во кредитот, што начи 6.250 евра за стан, кога кредитот е 50.000 евра. При градењето на куќа, државата ќе покрива 75 % од учеството, така што за кредит од 50.000 евра, на граѓаните неповратно им се доделуваат 9.375 евра. Од владата информираат дека корисниците на овој модел кои веќе аплицирале или добиле кредит, нема да имаат обврска учеството да го враќаат. Поволноста важи за апликантите кои подигнатиот кредит ќе го враќаат на рок подолг од 10 години.

                        

Елитен станбен комплекс „Адора“ во Скопје-Аеродром-Ново Лисиче

 

„Адора Инженеринг“ од почетокот го поддржува проектот „Купи куќа, купи стан“, во што е вклучена продажбата на елитните станови во Скопје и Охрид. За овој модел има интерес и досега на овој начин се продадени повеќе елитни станови во колективните станбени објекти на компанијата.

                     

Елитен станбен објект „Билјанини Извори“-Охрид 

Архива