НОВОСТИ

НОВОСТИ

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО КАМПАЊАТА ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА, ПРЕЗЕНТИРАА СТУДЕНТИТЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА 2013

ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО КАМПАЊАТА ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА, ПРЕЗЕНТИРАА СТУДЕНТИТЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА 2013

Промотивна кампања за „Адора Инженеринг“ под мотото „Зелена архитектура“, со акцент на еко домовите, иновативни решенија и предлози кои заслужуваат внимание, презентираа студентите на крајот на Летната школа 2013 во Охрид, организирана од Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, студентската организација АИEСЕК, со поддршка на „Адора Инженеринг“. Младите студенти, преку нивната креативност, со примена на новите технологии, изготвија предлог решенија за зголемување на продажбата на елитните  станови на градежната компанија, со проширување на дејноста во други градови во Македонија, поставување билборди, реклами на електронските медиуми, е-mail маркетинг и маркетинг на социјалните интернет медиуми, збогатување на веб страната и проширување на дејноста надвор од Македонија.

Тимот студенти „Адора Инженеринг“ на Летната школа 2013 во Охрид

Во новите начини на промоција, тимот на „Адора Инженеринг“ предложи преку натпревар на кој би се пријавиле студенти на факултетите за архитектура, градежништво, ПМФ и економија, тие да понудат нови идеи за развивање кампања со вклучување партнери и промоција на општествената одговорност во градежништвото, што би завршило со еко фест, а како награда, најдобрите да добијат двомесечна пракса во компанијата, со можност за вработување.

Студентите ја презентираат кампањата „Зелена архитектура“ со иновативни решенија во промоцијата на „Адора Инженеринг“

                       

Студентите на Летната школа 2013 што се одржа под мотото „Направи разлика, биди општествено одговорен европски лидер“, во рамките на ребрендирањето и освежувањето на идентитетските елементи, изготвија предлог за ново лого на „Адора Инженеринг“ во стилот на зелените енергетски ефикасни, економични, еко домови, што компанијата прва ги воведе во Македонија и регионот, чија изградба и натаму е еден од главните приоритети во стратегијата за работењето. Учесниците на школата, со сета почит кон сегашниот слоган на компанијата „Само делата се вистина“, предложија и нов во стилот „Со Адора во еко иднина“.

Студентите по економија го презентираат предлог решението за ново лого на „Адора Инженеринг“

            

„Адора Инженеринг“ лидер во градежништвото и единствен градежен супербренд во Македонија, како дел од бизнис заедницата, ја поддржа Летната школа за млади лидери 2013, во рамките на своите општествено одговорни практики, за што е добитник на повеќе признанија, како наградата за најеколошка компанија во 2013 и наградата за корпоративна филантропија во 2012 година.

За поддршка на Летната школа 2013, Адора Инженеринг доби благодарница

Претставници на „Адора Инженеринг“ и компаниите кои ја поддржаа Летната школа 2013 во Охрид
                                                          

 

                                                      

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ