objekti-adora-ohrid-01

САМО 15 % УЧЕСТВО ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ, ГРАТИС КРСТАРЕЊЕ НА МЕДИТЕРАНОТ И ИБИЦА, МОЖНОСТ ЗА НАГРАДА АВТОМОБИЛ ПОЛО-ЗА КУПУВАЧИТЕ НА СТАН ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Адора Инженеринг за своите купувачи ова лето обезбеди исклучителни поволности и вредни награди за купен стан од овој градежен супербренд.

Купувачите на стан од Адора Инженеринг Скопје сега треба да уплатат само 15 % учество од вредноста на станот за користење на станбен кредит од  Комерцијална банка АД Скопје. Каматата на денарскиот кредит со евро калузула за првите пет години е фиксна и изнесува 4,85 % годишно, а за останатиот период на отплата на кредитот е променлива и изнесува 6,65 %. Рокот на отплата на кредитот е до 30 години за купување на стан, до 18 години за деловен простор, а како кредитобаратели можат да се јават вработени лица и пензионери кои примаат плата и пензија преку Комерцијална банка. Корисниците на кредитот не плаќаат надомест за негово одобрување, ниту трошоци за проценка, во промотивниот период до 31 декември годинава.

Сите граѓани кои ќе купат стан од Адора Инженеринг во периодот од 10-ти јули до крајот на август и ќе го платат до 31-ви август годинава, добиваат награда-незаборавно крстарење низ Медитеранот со голем ексклузивен брод и посета на Италија, Шпанија и Франција и популарниот и најзабавен остров Ибица. Купувачите на елитен стан од Адора Инженеринг на гратис крстарењето ќе уживаат од 16-ти септември годинава, со што ќе си ја продолжат летната сезона.

До крајот на 2014-та продолжува наградната игра, со која секој купувач на стан од Адора Инженеринг има можност да добие и најнов модел автомобил ПОЛО, за што извлекувањето ќе биде на 26-ти декември годинава. Купувачите на стан од оваа градежна компанија имаат можност со купување модерна гаража со 50 % попуст, да си обезбедат сигурно место за својот автомобил, заштитен од невреме, дожд, снег и крадци.

Адора Инженеринг го поддржува владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, во кој се вклопува со понудата на елитни станови во Скопје-Ново Лисиче-Аеродром и Билјанини Извори-Охрид.

Со овие и други поволности при купувањето на стан, Адора Инженеринг,  градежниот лидер во високоградбата во Македонија, сака да им возврати за довербата на своите купувачи и да им овозможи на најприфатлив начин да станат сопственици на елитен, потврдено сигурен, висококвалитетен дом изграден според европските стандарди, економичен стан кој заштедува потрошувачка на енергија до шест пати во објектите од високата А енергетска класа, кои се највредна, трајна инвестиција за идните поколенија.

Архива