DSCN4384_1

ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА Г.П. 3.16 – КОМПЛЕКС „АДОРА“ НОВО ЛИСИЧЕ-ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија го издаде листот за предбележување на градба со број 104261 К. О. Кисела Вода 2 за станбено-деловниот објект на Г.П. 3.16 во комплесот „Адора“, Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје. Елитниот енергетски ефикасен објект, кој се гради со висока цврстина и докажана асеизмичка стабилност, чиј инвеститор е компанијата ГЛИЦ ГРУП 2012, а изведувач градежната компанија Адора Инженеринг, е на девет ката, со 72 висококвалитетни  станови, со површина од 29 до 60 м² и деловни простории од 60 до 107 м².  Овој објект е еден од десетте елитни станбено-деловни објекти во модерната населба „Адора“ во Ново Лисиче-општина Аеродром, Скопје.

Архива