IMG_2138

ИЗЛЕЗЕ ЛИСТОТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА ЗА ЕЛИТНИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ПАРК-2“

Се известуваат купувачите дека излезе листот за предбележување на градба за елитниот станбено-деловен објект „Аеродром Парк-2“, на Г.П. 7.12 , со број 104584, КО Кисела Вода 2, Скопје. Овој докажано сигурен, висококвалитен еко објект со енергетска ефикасност А-класа, кој на станарите долгорочно ќе им штеди енергија и пари за греење, Адора Инженеринг го гради како 100 % македонска градба, со примена на најновите европски стандарди и технологии за домување. Еко објектот „Аеродром Парк 2“, кој е со поставена седма плоча, се гради со рекордна брзина и висок квалитет, од страна на стручниот високопрофесионален градителски тим на Адора Инженеринг, во комплексот „Адора“ како трет објект на овој градежен бренд, на просторот во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, кај старите воени бараки, на само 15-тина минути пеш до главниот плоштад во Скопје.

Елитен станбен објект „Аеродром Парк 2“ со лист за предбележување на градба 

Архива