Се известуваат купувачите на станови во новиот елитен станбен објект што Адора Инженеринг го гради во срцето на општина Аеродром, Скопје, кај црквата Свети Илија, дека излезе листот за предбележување на градба со број 102991, за К.О. Кисела Вода 2, издаден од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. Станбениот објект што е на десет ката, забрзано се гради, според најновите стандарди за асизмички сигурна, геомеханички стабилна,енергетски ефикасна, еко градба, од А КЛАСА, што далеку ги надминува барањата на новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради. Новиот елитен објект, кој е во рамките на станбениот комплекс што Адора Инженеринг го гради во центарот на модерната урбана општина Аеродром, во близина на главната автобуска и железничка станица и строгиот центар на Скопје, дологорочно ќе им заштедува пари на станарите, со шест пати помала потрошувачка на енергија за греење од порано и е подготвен за добивање на „енергетски пасош“, уште пред воведувањето на овој сертификат во Македонија.