DSCN3523

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКО – БУГАРСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ШТИП

Унапредување на економската соработка и продлабочување на стопанските односи на пограничните општини во Македонија и Бугарија се во фокусот на вниманието на првиот македонско-бугарски економски форум што започна вчера во Штип, на кој учествуваше и градежната компанија Адора Инженеринг.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со учесниците на првиот македонско-бугарски економски форум

Двајцата вицепремиери на Македонија и Бугарија, м-р Зоран Ставрески и Даниела Бобева, порачаа дека врвен приоритет за поефикасна соработка е подобрување на патната инфраструктура, како што е проектот за довршување на пругата од Куманово кон бугарската граница, овозможување на користење на пристаништето во Варна, како замена на солунското, што се важни предуслови за побрз, поквалитетен и непречен проток на стоки и патници, како и за интензивирање на сегашните бизнис релации меѓу компаниите и бизнисмените од двете земји.

Вицепремиерите на Македонија и Бугарија Ставрески и Бобева на македонско – бугарските експо денови во Штип

Генералниот директор на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој како член на извршниот одбор на македонско-бугарската стопанска  комора  зеде активно учество на форумот, смета дека оваа манифетсација е одлична можност за промоција на нашите компании на бугарскиот пазар, за продлабочување на бизнис релациите со деловните партнери од Бугарија, за поголема конкуренстност пред европските компании и за реализација на заеденички проекти на трети пазари, на што е посветен денешниот дел од форумот што се одржува во Кочани.

Учесниците на македонско-бугарскиот економски форум во Штип

Адора Инженеринг на македонско-бугарските бизнис денови на сопствен штанд ја претстави градежната компанија која успешно работи 12 години, каде  посетителите на форумот се запознаа со елитните станбено-деловни објекти од овој градежен супербренд и со понудата на докажано сигурните висококвалитетни и економични еко домови што овој лидер во високоградбата во Македонија ги гради според европските стандарди.

Штанд на Адора Инженеринг на првиот македонско-бугарски економски форум

Архива