D-r_Cifliganec_so_meg_priznanie_za_gradeznishtvo_vo_Madrid

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО НА ЕМИНЕНТЕН СОБИР ВО МАДРИД-ШПАНИЈА

Адора Инженеринг ја доби високата меѓународна награда за градежништво што на ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец за забележителни бизнис активности, посветена и успешна работа, во Мадрид, Шпанија му ја додели еминентниот Клуб на лидерите во глобалната трговија. Најуспешната компанија во високоградбата во државава е прва и единствена градежна компанија од Македонија што според анализите и препораките на водечките бизнис лидери во светот, го доби ова престижно признание.

Адора Инженеринг со меѓународната награда за градежништво на собирот во Мадрид-Шпанија

„Интернационалната награда за градежништво од Клубот на глобалните  трговски лидери, за Адора Инженеринг е уште една меѓународна  афирмација и потврда дека е препознаен и вреднуван квалитетот на работа на компанијата на меѓународно ниво, што претставува признание за градежниот бизнис и за Македонија. Наградата за компанијата е посебно значајна зошто доаѓа од клуб со 7500 членови од 95 земји и се однесува на градежната дејност со која Адора Инженеринг успешно се занимава 12 години, како пионер во воведувањето и примената на иновациите за сигурно, квалитетно и економично домување. Собирот е одлична можност за интернационално  презентирање на компанијата, за размена на знаења и искуства, за воспоставување нови бизнис релации и иницирање соработка со деловни субјекти од целиот свет. Меѓународната награда за градежништво е сатисфакција и поттик Адора Инженеринг да продолжи и натаму со изградбата на елитните станбено-деловни објекти според европските стандарди и технологии во корист на станарите, граѓаните, животната средина и пошироката заедница“.- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец по примањето на наградата во Мадрид на деловниот форум, на кој учествуваа 150 претставници од 30 земји од сите континенти.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со високото интернационално признание од водечкиот бизнис клуб во Мадрид

Меѓународната награда за градежништво е уште едно интернационално  признание за Адора Инженеринг по европските награди што за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер компанијата ги доби од Европската Бизнис Асамбела во 2012 година.

Менаџментот на Адора Инженеринг со другите наградени учесници на елитниот бизнис собир во Шпанија

Архива