20140328_124259

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ИМ ДОДЕЛИ НАГРАДИ НА НАЈКРЕАТИВНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО АКЦИЈАТА „ДА ЈА ЗАСАДИМЕ МАКЕДОНИЈА СО РОЗИ“

Адора Инженеринг додели три награди на најкреативните млади учесници во  акцијата „Да ја засадиме Македонија со рози“, на завршната манифестација денес во Младинскиот културен центар во Скопје. Компанијата обезбеди и им додели велосипеди на авторите на најдобрите ликовни и поетски творби: Абдулах Умер, ученик во второ одделение во основното училиште „Велазерим Башким“ од Охрид во првата категорија, на Верица Мојсоска, ученичка во шесто одделение во основното училиште „Пецо Даскалот“ од општина Долнени, во втората категорија  и во третата категорија, на Јована Јанчовска, ученичка во седмо одделение во основното училиште „Ванчо Прќе“ од Делчево.

Адора Инженеринг додели награди-велосипеди на најкреативните ученици од основните училишта во Македонија

Во рамките на богатата традиција на општествената одговорност и грижата за заштита на животната средина, Адора Инженеринг акцијата „Да ја засадиме Македонија со рози“ ја поддржа со засадување на двесте садници на рози во парк шумата „Александрија“ кај резиденцијата во Црниче, што е дел од редовните акции за озеленување и хортикултурно оплеменување на сите станбени објекти на компанијата во Македонија.

Адора Инженеринг доби благодарница од Министерството за заштита на животната средина, за поддршка на акцијата „Засади ја Македонија со рози“

Во рамките на оваа втора-национална акција, во повеќе градови во Македонија се засадени 50 илјади рози, на што ќе се додадат и дополнителните количини на садници од продажните акции на креациите на учениците, со што ќе се надмине  очекуваната бројка на садници. Националниот координатор на акцијата проф. д-р Соња Лепиткова, државен секретар во министерството за животна средина ја потенцира важноста на општините, институциите, дипломатите и посебно на бизнис секторот за масовноста и  успешноста на акцијата и најавува дека таа ќе продолжи во иднина со нови аспекти со цел да прерасне во препознатлив  бренд на Македонија.

Архива