Tomislav_Naumovski_so_tv_podarok_Adora

ТОМИСЛАВ НАУМОВСКИ, КУПУВАЧ НА СТАН ВО НОВО ЛИСИЧЕ ГО ПОДИГНА ТЕЛЕВИЗОРОТ СО НАГРАДНИОТ ВАУЧЕР ОД АДОРА

Томислав Наумовски, среќниот купувач на стан во елитниот комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје, го подигна подарокот што го доби со наградниот ваучер од Адора Инженеринг. Наумовски, кој беше извлечен како купувач на стан  од компанијата во 2013-та година, со ваучерот од Адора во вредност од 500 евра, си избра телевизор за уредување на новиот дом. Томислав, кој по професија е архитект, вели дека многу пријатно бил изненаден кога на прославата на 11 годишнината на Адора Инженеринг, го слушнал своето име како добитник на наградата, во која учествуваа сите 274 купувачи на станови минатата година, посебно зошто досега никогаш ништо немал добиено и ова му е прва награда во животот. На Томислав и Даринка Наумовски уште еднаш им честитаме на наградата и им посакуваме убаво и среќно домување во нивниот нов дом во модерниот комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје.

Томислав Наумовски, среќниот купувач на стан со наградата од Адора Инженеринг
Елитен станбен комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје
Архива