НОВОСТИ

НОВОСТИ

„КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ АВТОМОБИЛ“-НАГРАДНА ИГРА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ДВЕ КОЛА

„КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ АВТОМОБИЛ“-НАГРАДНА ИГРА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ДВЕ КОЛА

Започна наградната игра „Купете стан, освојте автомобил“, која ќе се реализира во две кола, во која ќе учествуваат купувачите на стан од градежната компанија Адора Инженеринг дооел Скопје, која е организатор на играта.  

Опис  и времетрање на наградната игра:

–       Во првото коло учествуваат сите купувачи на стан од 23.03.2014. до 26.03.2014. Наградата е патување во Дубаи.

–       Во второто коло учествуваат сите купувачи на стан од 27.03.2014 до 25.12.2014. Наградата е автомобил Polo Volkswagen

Услови за учество во наградната игра:

Право на учество имаат сите полнотелни лица, државјани на Република Македонија , како и лица кои не се државјани на Република Македонија, кои имаат купено стан или деловен простор во објектите на Адора Инженеринг дооел Скопје. Право на учество во наградната игра немаат вработени во компанијата-организатор на играта, лица вклучени во организирањето на наградната игра, во обезбедување на наградите и членови на нивните потесни семејства. Учесниците во наградната игра прифаќаат , доколку ја освојат наградата, организаторот да ги објави нивните доставени податоци и други материјали, без надоместок и претходна согласност и потоа да ги користи за рекламни цели, без надомест и со согласност од добитникот.

Постапка на наградната игра:

Купувачите кои ќе склучат договор за купопродажба на недвижен имот во текот на првото коло, ќе добијат договор со одредба дека купувачот ќе учествува во наградната игра. Лице задолжено од страна на организаторот, по склучувањето на договорот, ги впишува личните податоци на купувачот на лист со димензии 2 cm/5 cm и го става во стаклен сад наменет за првото коло.

Купувачите кои ќе склучат догвоор за купопродажба на недвижен имот во текот на второто коло, ќе добијат договор со одредба дека учествуваат во наградната игра. Лице задолжено од страна на организаторот, по склучувањето на догорот, ги впишува личните податоци на купувачот на лист со димензии 2 cm/5 cm и го става во стаклен сад наменет за второто коло.

Извлекување на наградите:

Извлекувањето на наградата автомобил марка Polo Volkswagen ќе биде на ден 26.12.2014 година во 20 часот во просториите на Адора Инженеринг дооел Скопје, на ул. Орце Николов бр. 182 А, 1000 Скопје. Добитникот на наградата ќе биде по случаен избор, со извлекување од стаклен сад.

Извлекување на наградите Патување во Дубаи ќе биде во просториите на Адора Инженеринг дооел Скопје, на ул. Орце Николов бр. 182 А, 1000 Скопје, на 27.03.2014. година во 15.30 часот. Добитниците на наградата ќе бидат извлечени по случаен избор од стаклен сад.

Контрола на извлекувањето ќе врши комисија од три члена, еден нотар и двајца надворешни членови.

Други правила на наградната игра:

Организаторот го задржува правото за прекин на наградната игра во случај на настапување на околности за кои не е одговорен, кога се ослободува од сите обврски кон учесниците.

Резултатите од извлекувањето ќе бидат бјавени на интернет и фб страницата на Адора Инженеринг.

Наградите ќе можат да се подигнат во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите. Наградните патувања во Дубаи ќе бидат врачени во форма на ваучери. Наградата автомобил марка Polo Volkswagen на среќниот добитник ќе му биде врачена со добивање на клуч од автомобилот. 

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ