ramstor_trgovski lisice _otvaranj_019

ОТВОРЕН НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО АЕРОДРОМ-НОВО ЛИСИЧЕ

По рекордно брза изградба од само 9 месеци, во која учествуваа деловните  партнери АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ и ГЛИЦ ГРУП, со отворањето на познатиот трговски синџир РАМСТОР, денеска во Скопје, општина Аеродром, Ново Лисиче, ставен е во функција новиот деловно-трговски центар со корисна површина од  3.500 м², со деловни објекти за различни намени и модерен паркинг простор.  Генералниот директор на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и управикот на ГЛИЦ ГРУП Левко Наумоски, кои го поставија камен темелникот на трговскиот центар на крајот од минатата година, ја потврдија добрата проценка за потреба од изградба на модерен трговски центар во новата елитна станбена населба, каде објекти имаат изградено повеќе градежни компании, меѓу кои Адора Инженеринг има изградено седум висококвалитетни еко објекти со 400 станови. Во новиот деловно-трговски центар, на чие отворање присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер, жителите на модерната станбена населба во Ново Лисиче и овој дел на општината Аеродром во Скопје, ќе можат секојдневно да ги задоволат сите потреби за квалитетно семејно живеење. Ова е уште една потврда дека инвеститорите во градежништвото мислат повеќенаменски и покомплексно за своите купувачи на станови во елитниот станбен комплекс во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје, преку примерот на компаниите Адора Инженергинг-Скопје и Глиц Кичево.

 

НОВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР-ГОЛЕМ БЛАГОДЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА НОВО ЛИСИЧЕ, ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ГРАД СКОПЈЕ

12.09.2013

12.09.2013

12.09.2013

12.09.2013

 

 

Камен темелник на трговскиот центар во Ново Лисиче-Аеродром-Скопје

26.12.2012

26.12.2012
26.12.2012
Архива