Tula_zidnaje

ИНОВАЦИЈАТА-ТУЛА-ПРОИЗВЕДЕНА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ- ДРАСТИЧНО ПОМАЛИ ТОПЛИНСКИ ГУБИТОЦИ И ПОДОБРЕНА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА НА НОВИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СТАНБЕН ОБЈЕКТ-А КЛАСА ВО СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ ЦЕНТАР

Новиот станбен објект на Адора Инженеринг во Скопје-Аеродром Центар е комплетно изѕидан со керамички блок со ниска вредност на коефициентот на топлинска спроводливост (вредност ламбда), специјално дизајниран и произведен за потребите на Адора. Се работи за специјална тула, изработена од домашно производство со цел да се подобрат карактеристиките на фасадните ѕидови, за што таа е оптимизирана во однос на димензиите, бројот и распоредот на шуплините. Иновацијата е што се  изместени пречките во шуплините, односно  се водело сметка да се измести насоката на преградните ѕидови во тулата, тие да не се со правилна геометриска форма, со што помалку мостови. За овој производ направен е нов посебен калап и сертифицирани испитувања, (ʎ) ламбда на тулата е подобрена на 0,27 W(m²·k), со што значително се намалуваат топлинските губитоци и се подобрува звучната изолација.

Иновација на специјална тула за ѕидање за Адора Инженеринг

Со оваа иновација и новиот третман на фасадата, ПВЦ столаријата од најновата генерација на Reahau-Geneo Fipro и добрата изолација на градежните конструкции со 10 cm графитен стиропор, новиот енергетски ефикасен објект кој ги надминува сите барања на Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија, на станарите ќе им троши 6 пати помалку енергија за греење во зимскиот период. Според стручната студија на д-р Петар Николовски, станарите во новиот станбен комплекс на Адора во Скопје-Аеродром Центар, за стан од 50 м², наместо досегашните 7.500 денари ќе плаќаат месечна сметка за греење на струја од само 1.250 денари, што е посебно важно за драстично намалување на трошоците за греење во зимските месеци.

Новиот А-КЛАСА објект на Адора со 6 пати помали трошоци за греење од порано

Архива