Локацијата во Општина Аеродром-Скопје каде Адора ќе ги гради новите објекти

НОВИ ОБЈЕКТИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Нови два елитни станбено-деловни објекти „Адора Инженеринг“ ќе започне да гради на атрактивна локација во срцето на модерната општина Аеродром, Скопје, на просторот кај старите воени бараки. Локацијата е во близина на Железничката и Автобуска станица во Скопје, булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански, кај црквата Свети Илија, близу до здравствената поликлиника Јане Сандански, Основното училиште Блаже Конески, детска градинка, трговски центри, банки и други институции. Во двата објекти, кои ќе бидат на девет ката, ќе има по 100 елитни станови со површина од 32 до 83 м2, деловни простории на приземјето и модерни паркиралишта на три нивоа, од кои две ќе бидат подземни. 

Локацијата во Општина Аеродром-Скопје каде Адора ќе ги гради новите објекти

Локацијата во Општина Аеродром-Скопје каде Адора ќе ги гради новите објекти

 

Старите воени бараки, на чие место ќе се градат новите станбени објекти

Старите воени бараки, на чие место ќе се градат новите станбени објекти

 

Извршените стручни геомеханички испитувања со длабинско дупчење на тлото, покажаа дека теренот е изразено стабилен, што за идните станари е гаранција дека градбата ќе биде асеизмичка, безбедна и црвста. По подготвување и организација на просторот за градба, наскоро треба да започне изградбата на објектите. Двете елитни нови станбено-деловни згради, „Адора Инженеринг“ ќе ги изгради според најновите светски стандарди, тие ќе бидат сигурни, со темелна плоча од 120 см, со стабилна и цврста армирано бетонска конструкција, висококвалитетни енергетски ефикасни материјали и висок степен на хидро и термоизолација, со вградување на 10 цм стиропор во надорешната фасада. Овие енергетски ефикасни станбени објекти на станарите ќе им озовможат квалитетно домување, со долгорочна заштеда на енергија и пари. Новите елитни објекти ќе бидат со интересна архитектура и функционални решенија на станбените единици, со уредена и хортикултурно оплеменета околина за модерно урбано живеење и релаксација на станарите.

 

Се подготвува теренот за изградба на два нови објекти на Адора во Општина АеродромСе подготвува теренот за изградба на два нови објекти на Адора во Општина Аеродром

 

Старите воени бараки во Општина Аеродром-Скопје, локација за новите објекти

Старите воени бараки во Општина Аеродром-Скопје, локација за новите објекти

 

Просторот за изградба на новите станбени објекти на Адора Инженеринг во Аеродром-Скопје

Просторот за изградба на новите станбени објекти на Адора Инженеринг во Аеродром-Скопје

Архива