За рекордни 50 дена, поставени плочите за двете најнови згради на Адора Инженеринг, дел од елитниот станбено-деловен комплекс во Ново Лисиче

Градежната компанија Адора Инженеринг уште еднаш успеа да ги потврди и надмине сопствените градежни рекорди кои ги постави во текот на 2012/2013 година. За рекордни 50 дена, Адора Инженеринг изгради две нови елитни згради со карабина, дел од комплексот згради на Адора Инженеринг во Ново Лисиче, а во близина на црковниот храм Св. Јован Крстител кој компанијата го донираше во урбаната општина Аеродром. 

Стручниот тим на градежни инженери и работници во Адора Инженеринг, предводени од ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, беа клучниот елемент за рекордно брзата, стабилна и висококвалитетна енергетски ефикасна градба која е синоним за Адора Инженеринг.

Градење на новите енергетски ефикасни станбени објекти од А КЛАСА на Адора Инженеринг во Ново Лисиче- Скопје

Во текот на градењето се користеа висококвалитетни материјали и за само 50 дена изградени се 12.000м2 армирано-бетонски плочи, во кои се вградени 730 тони железо и 7.500м3 висококвалитетен бетон од Цементарница УСЈЕ со цврстина на бетон  МБ-40. 

Двата елитни станбено-деловни објекти се со висина до шест односно десет ката. Се одликуваат со квалитет, висока геомеханичка и асеизмичка стабилност, со енергетски ефикасни станови од високата А класа,  кои им овозможуваат на станарите заштеда на енергија и пари за греење и ладење. Новите станови на купувачите ќе им понудат квалитетно, сигурно и економично домување, а Адора Инженеринг продолжува и понатаму да се грижи за сегашните и идните генерации обезбедувајќи Ви дом каков што заслужувате.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот менаџер на Адора Инженеринг, кој гарантира за квалитетот на станбените објекти.

Архива