Energetskie efikasen objekt Skopje-Aerodrom Centar

НОВОТО ФАСАДНО РЕШЕНИЕ И „REHAU“ – НАЈДОБРОТО НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР, 4 ПАТИ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО НОВИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА АДОРА ВО СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ ЦЕНТАР

Фасадна столарија од најновата генерација производи на реномираната  германска марка „Rehau“-Geneo Fipro, се поставуваат на новиот елитен објект којшто Адора Инженеринг го гради во станбениот комплекс во центарот на модерната општина Аеродром, во близина на меѓународната автобуска и железничка станица во Скопје. Прозорците со ПВЦ шесткоморни профили и трислојно термоизолационо стакло, од кои надворешното е четирисезонско, на станарите ќе им овозможат одлична топлинска и звучна изолација.

Нов енергетски ефикасен станбен објект на Адора во Скопје-Аеродром Центар со одлична топлинска и звучна изолација

Квалитетот и  високите изолаторски својства на материјалите кои се вградуваат ја потврдуваат енергетската ефикасност на објектот којшто ги исполнува и надминува барањата на новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради во Македонија. Новиот елитен станбен објект на Адора Инженеирнг е прв во Македонија кој има стручна „Студија за топлинска заштина, пародифузија и топлинска стабилност на градежните  конструкции и енергетските карактеристики“. Според авторот, д-р Петар Николовски овие енергетски ефикасни домови ќе ја намалат потрошувачката на енергија и трошоци за греење до 4 пати годишно, споредено со поранешните станови во Македонија. За илустрација, за стан со површина од 50 м2, во зимската грејна сезона, доколку греењето е на струја, месечната сметка за греење се очекува да биде околу 1.200 денари.

Новите еко домови на Адора ќе трошат 4 пати помалку енергија и пари за греење

Според стручната студија на д-р Николовски, Адора Инженеринг е првата градежна компанија во државава, којашто е комплетно подготвена од идните овластени контролори да обезбеди енергетски сертификати – енергетски пасош за своите станбени објекти, уште пред нивното воведување во Македонија.

Се гради висококвалитетен станбен комплекс на Адора во Скопје-Аеродром Центар

          

 

Архива