DSCN5413

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА СО ДЕДО МРАЗ ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ОБЈЕКТОТ „АЕРОДРОМ ПАРК 1“ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Денеска во холот од објектот „Аеродром  Парк 1“ на Адора инженеринг, се огранизираше новогодишна забава, на која се собраа најмалите станари со нивните родители. Тие заедно со дел од вработените во Адора инженеринг, ја украсија новогодишната елка, која ќе ги разубавува празничните денови на новодоселените станари во објектот „Аеродром Парк 1“ во општината Аеродром во Скопје.

Најмалите станари ја украсуваат новогодишната елка во објектот „Аеродром Парк1“ на Адора инженеринг

На забавата беа присутни многу дечиња  со своите родители, кои играа, пееја и се дружеа меѓусебно, во една позитивна и разиграна атмосфера, надополнета со детски песнички, многу насмевки и радост. Најголемото изненадување за нив, беше доѓањето на Дедо Мраз, кој ги поздрави, играше и пееше заедно со нив, а на крај, на секое дете му подари  новогодишно пакетче и се сликаше со него. На заедничката дружба дечињата запознаа  нови другарчиња од зградата, а за родителите ова беше можност, во една опуштена атмосфера да се запознаат со своите соседи.

Дечињата пеат и се сликаат заедно со Дедо Мраз

Адора инженеринг продложува да се грижи за своите купувачи и дечињата  приготвувајќи им  убави моменти исполнети со многу заеднички дружења, игри и смеа.

Галерија

Архива