DSCN5622

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА СО ДЕДО МРАЗ И МНОГУ ПОДАРОЦИ, ЗА ДЕЦАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Адора инженеринг и оваа година, традиционално организираше новогодишна забава за децата на вработените во компанијата, каде што сите заедно се дружеа, се смееја и пееја новогодишни песнички.

Најмладите, децата на вработените, се собраа во просториите на компанијата, каде што во топла, весела и разиграна атмосфера, заеднички го дочекавме Дедо Мраз, кој со себе ја донесе празничната магија и на сите им подели новогодишни пакетчиња.

Генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на сите присутни им ги честита празниците, а на дечињата им посака да бидат паметни, весели, насмеани и ведри.

Како дел од општествената одговорност кон вработените,  овој градежен супербренд, секогаш посветува внимание на најмалите,  грижејќи се да  им приготви убави моменти исполнети со многу изненадувања, игри и смеа.

Архива