НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГДОБИ НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГДОБИ НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018

Градежната компанија Адора инженеринг денес од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов доби национално признание за македонски квалитет 2018, што четврта година по ред го доделува Сојузот на Стопански комори на македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. На манифестацијата Македонски квалитет, признанието го прими основачот и генерален директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец. „Ова престижно признание, кое е дел од 40-тината национални и интернационални награди што ги има добиено Адора инженеринг во 17 годишното работење како предводник во високата градба, особено ни значи. Со него уште еднаш се валоризира долгорочната посветеност на целиот наш тим на создавање градби со траен квалитет, современи стандарди, светски трендови и иновативни решенија за квалитетно, стабилно, зелено, економично, здраво и хумано домување, по што Адора е препознатлива на македонскиот пазар на недвижности и во светот“-порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг. „Зад ова признание стои напорна работа, верба и визија за промоција на македонскиот квалитет. Признанието е дополнителен поттик за десетте добитници да продолжат да се развиваат, да вложуваат во својот развој и напредок и да работат на својот квалитет. Тие се веќе препознатливи брендови и на меѓународниот пазар, а нивниот успех е успех на Република Македонија“-порача претседателот на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, покровител на манифестацијата. Адора инженеринг со националното признание Македонски квалитет 2018, заокружува успешна година, која освен по завршувањето на нови уникатни објекти за домување во Скопје, ќе остане забележана и по големиот број добиени национални и интернационални награди, кои се потврда за оваа успешна  македонска градителска приказна.  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ