НОВОСТИ

НОВОСТИ

Теренското лабораториско испитување утврди дека внатрешната градина за колективно домување Адора Diamond Garden поседува идеална микроклима со сите параметри на воздухот во оптимални вредности

Теренското лабораториско испитување утврди дека внатрешната градина за колективно домување Адора Diamond Garden поседува идеална микроклима со сите параметри на воздухот во оптимални вредности

Микроклиматските параметри во двата атриуми во објектот Адора Diamond Garden, преку измерената температура, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и топлинското зрачење, се со оптимални вредности во препорачаните граници. Ова го потврдија параметрите од неодамнешното испитување на квалитетот на воздухот и амбиентот во внатрешноста на Дијамантската градина на Адора, од страна на теренската лабораторија за животна и работна средина и електронска микроскопија на реномираниот Факултет за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Измерените вредности на 9 мерни места на различни висински точки во двата атриуми во внатрешната градина на станбено-деловниот објект Адора Diamond Garden, покажаа препорачани просечни вредности на термален комфор, релативна влажност на воздухот од 43 до 50 % и оптимални микроклиматски параметри, согласно меѓународните ISO стандарди. Резултатите од испитувањето, за што Адора инженеринг доби детален извештај со потпис од авторитетни академски професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се научна потврда за одличното ниво на квалитетот на воздухот и одличниот амбиентален комфор во најголемата внатрешна градина за зелено домување во Европа. Испитувањето извршено со современи мерни инструменти од страна на највисоко квалификуван научен кадар, потврди дека уникатната Дијамантска градина на Адора во Тафталиџе, Скопје, во внатрешноста крие одличен микроклиматски амбиент, декориоран со 5,5 тони зеленило од природно потекло низ целата висина и сите хоризонтални нивоа на зградата. Објектот кој на станарите им обезбедува релаксирано зелено домување, со изобилство природна светлина, свеж воздух и покрив со поглед на природно небо од двата атриуми, сега со потврдено идеални услови за опстанок на растенијата и за живот на станарите, е добитник и на наградата од Светската маркетинг организација за воведување на Boutique концептот на домување во југоисточна Европа.  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ