НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ АКТИВНА ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ АКТИВНА ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ И СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Адора инженеринг, добитник на наградата предводник на целите за одржлив развој 2019, беше дел од завршната конференција „Глобални цели за локална одржливост“ во рамките на проектот „Градење меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“. Од страна на организаторот Конект и панелистите, овој градежен бренд беше истакнат како активна компанија, членка на Глобалниот Договор на ООН од 2012, со низа успешно спроведени  општествено одговорни практики кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните. Меѓу нив, како особено значаен беше одбележан 13 годишниот, континуиран проект за воведување и унапредување на енергетски ефикасните, штедливи, еко домови, од кои бројни придобивки имаат станарите на објектите на Адора, но и граѓаните и животната средина, за што компанијата има добиено десеттина значајни национални награди. Со воведување на растечкиот ренд на зелените домови, Адора инженеирнг е дел од актуелната светска кампања за изградба на зелените градови. Адора е активна и во корпоративната поддршка на социјалното претприемништво преку „Смарт старт“ проектот, кој го одржа завршниот настан во Скопје.  Во Македонија социјалните претпријатија се во зародиш, а тие се 10 % од економијата на Европската Унија. Адора ја доби титулата „Добар бренд“ за менторската помош во формирањето на социјалното претпријатие „ХуманаС“, како уникатен сервис за нега на возрасни лица во домашни услови. „За побрз развој на социјалните претпријатија во Македонија е неопходна законска регулација“- беше апелирано на завршниот настан „Смарт старт“ во Скопје, проект спроведен од Центарот за истражување и креирање политики,  ЦИКП, од каде порачаа дека ќе продолжат да работат Македонија да биде лидер во социјалното претприемништво“.  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ