НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА BOUTIQUE REAL ESTATE КОНЦЕПТОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА КОМПЛЕКСОТ DIAMOND GARDEN

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА BOUTIQUE REAL ESTATE КОНЦЕПТОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА КОМПЛЕКСОТ DIAMOND GARDEN

Адора инженеринг од Светската маркетинг организација, во Амстердам е наградена со златен медал за квалитет, за воведување на Boutique Real Estate концептот во Југоисточна Европа. Петтата интернационална награда, овој градежен бренд ја доби за Адора Diamond Garden, најновиот станбено-деловен комплекс во Скопје, кој со 5,5 тони зеленило е најголемата внатрешна градина за урбано домување во Европа. На 20-тата годишнина на Светската маркетинг организација, на свеченоста изминатиот викенд во Амстердам, во присуство на претставници на 30 компании од светот, наградата за Адора инженеринг ја прими заменик генералниот директор Душко Чифлиганец. Заблагодарувајќи се за меѓународната валоризација на посветеноста кон совршенството во работата, тој порача дека наградата, на 16 роденден на компанијата е вистински мотив за идните потфати, по 50 успешно реализирани проекти со вкупен економски обрт од 400 милиони евра, за лидерот во високоградбата кој го изгради првиот енергетски ефикасен објект А-класа, го реализира првиот вештачки земјотрес на станбен објект во Македонија, воведе звучна изолација 80 % над македонските стандарди. „Оваа награда претставува признание за нашата најнова градба наречена Дијамантска градина на Адора. Diamond Garden е главно станбен објект, што го  воведе концептот на зеленото домување во Македонија. Овој објект, покрај стандардизираните карактеристики на извонреден квалитет што Адора го нуди како задолжителен елемент во сите наши проекти, далеку ги надминува аспектите на повисок квалитет на живеење и дизајн. Во Diamond Garden има два атриуми, кои служат како извор на свеж воздух и природна светлина во ентериерот на објектот. Она што драстично го издвојува ова здание од просечните објекти е тоа што атриумите се декорирани со повеќе од 5,5 тони зеленило, што заедно прави воодушевувачка вертикална и хоризонтална внатрешна градина. Всушност, официјално е потврдено дека тоа е најголемата внатрешна градина во Европа. Дополнително, има бесконечно многу ситни детали во ентериерот на зградата, како што се детското игралиште, бронзените украсни елементи, бакарната завршна обработка и најсовремените архитектурни дизајнерски форми. Сето ова заедно прави многу пријатна атмосфера, која значително придонесува за подобар квалитет на домување“, истакна по добивањето на наградата во Амстердам Душко Чифлиганец-Заменик генерален директор на Адора инженеринг и проект лидер на Адора Diamond Garden. Меѓународната награда за воведување на Boutique Real Estate концептот во Југоисточна Европа, за најновиот, уникатен станбено-деловен комплекс Дијамантска градина на Адора во Тафталиџе, Скопје, дојде непосредно пред отворањето на објектот, на 28 август, празникот Голема Богородица и 16  роденден на градежната компанија Адора инженеринг.   Погледнете видео од доделувањето на наградата    

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ