НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ИЗБРАН ЗА МЛАД МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МАЖИ НА ГОДИНАТА 2018

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ИЗБРАН ЗА МЛАД МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МАЖИ НА ГОДИНАТА 2018

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, синоќа беше избран за „Млад менаџер на годината 2018“, во друштво на 10 најуспешни мажи на годината, наградени во различни категории на првиот официјален избор „Мажи на годината во Македонија“. Жири комисијата, составена од реномирани членови од потврдени институции, бизнис секторот, новинари, режисери, стилисти и други дејности, на Чифлиганец му ја додели наградата за најуспешен менаџер на годината до 30 години, поради неговите изразени квалитети и професионалност, базирани на образованието стекнато на една од најелитните Бизнис школи на Блискиот Исток, Американскиот универзитет во Дубаи, каде Душко успешно води приватен бизнис со здрава органска храна како косопственик на брзорастечката наградувана компанија Midway Middle East. Чифлиганец е заменик генерален директор и главен двигател на иновативноста во Адора инженеринг, градежна компанија лидер и предводник во високата градба во Македонија 16 години. На церемонијата на доделувањето на наградата, Душко Чифлиганец беше претставен како човек кој никогаш не се откажува од желбата за перфекција во работата и во животот, кој психичкиот тренинг го наоѓа во екстремните спортови, млад човек кој ѝ оддава голема почин на љубовта, среќно вљубен, но сеуште ерген, чија парола е „Тој што вика дека може и тој што вика дека не може, најчесто и двајцата се во право“. По примањето на наградата Млад менаџер на годината, Чифлиганец им се заблагодари на организаторите Моментум, Friday.mk, Стопанската комора на Македонија и жири комисијата што кои го препознале и валоризирале неговиот труд, посветеност, ентузијазам и печат во работата. „Работата некогаш знае да е многу тешка, затоа секој дополнителен стимул е добредојден и треба целокупното општество да стори сѐ за да ги поддржи и инспирира младите луѓе за напредок, на секој можен начин. Сметам дека ниту еден од нас не е способен да создаде нешто значајно во животот целосно сам и затоа нашата најголема моќ е токму во квалитетот на заедницата што умееме да ја создадеме. Затоа им се  заблагодарувам, на моето семејство, на деловните соработници, пријателите, мојата девојка, на Република Македонија и на мојот Дубаи, каде што сум школуван и на сите останати кои се дел од моето досегашно животно и работно искуство. Да бидеме успешни е одлична работа, но пред сѐ треба да бидеме она за што Бог не створил, да бидеме луѓе, да бидеме хумани и да помагаме во секоја прилика кога можеме. Да ги сакаме блиските, да ги почитуваме сите без оглед на сѐ, да бидеме фини кон оние кои не можат да направат ништо за нас“- изјави Чифлиганец при добивањето на наградата Млад менаџер 2018, порачувајќи им на присутните да не го поистоветуваат успехот со среќата, да не трчаат слепо по успехот и да ја промашат среќата, да бидат успешни и пред сѐ, да се погрижат наутро да се будат насмеани. За најуспешен маж на годината за 2018 во Македонија е избран доктор Владимир Чадиковски, кој ја доби и наградата Маж со најголем придонес во општеството, министерот за надворешни работи Никола Димитров е Маж со најдобар стил, Живко Мукаетов е Менаџер на годината, Трифун Костовски е Маж со трајни вредности, холандскиот амбасадор во Скопје Ваутер Пломпт е избран за Маж странец  во Македонија, Огнен Јанески е Маж во избор на социјалните медиуми, Кире Лазаров е Маж со придонес во спортот и Ѓорче Ставрески е Маж со придонес во културата.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ