maj (2)

Адора инженеринг добитник на наградата „КРЕАТОРИ НА СТОЛЕТИЕТО“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во средна и југоисточна европа

Во присуство на високи претставници на државата, бизнис секторот и меѓународниот економски форум „Перспективи“, денес на градежната компанија Адора инженеринг ѝ беше доделена големата интернационална награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа од страна на Меѓународниот комитет за доделување на награди признанија од Хрватска. Оваа шеста интернационална награда, Адора инженеринг ја доби на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ , кој се одржа во март годинава во Дубровник со наградување на поединци, компании, организации, здруженија и институции кои како „Креатори на столетието“ , со посветена и креативна работа, придонеле за развој на претприемништвото, а со тоа и за развој на целата заедница во која живееме и твориме.

„За Адора инженеринг, престижната награда „Креатори на столетието“ е валоризација на посветената 17 годишна работа во високата градба и признание дека навистина сме ги подигнале стандардите за домување на пазарот на недвижности на национално и меѓународно ниво, со акцент на сигурноста, економичноста и комфорот во домувањето, носејќи нов концепт според последните трендови во светот на архитектурата и квалитетното домување. Наградата се однесува на 2018-та, што во Адора ќе остане забележана како година на завршување на два капитални проекти во Скопје, изградбата на новиот препознатлив урбан симбол на метрополата, станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron и Дијамантската градина на Адора што го донесе зеленото домување во Македонија во најголемата внатрешна градина со boutique концепт во Југоисточна Европа. Наградата ни е посебно значајна како афирмација и признание на нашите континуирани напори за внесување иновативни решенија во домувањето, како долгорочниот проект за изградба на првите енергетски ефикасни домови со сертификат за А класа, воведување на првите фотоволтаици на сончева енергија, воведување на првата сертифицирана звучна изолација 80% над македонските стандарди, поставување на првата органска фасада на станбен објект и креирање инвентивни решенија со модерен дизајн на ентериерот за хумано, пријатно и релаксирано домување, по цени достапни за македонските граѓани“.- изјави д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг по примањето на наградата, истакнувајќи дека признанието се однесува и на препознатливиот сегмент од корпоративниот идентитет на компанијата, општествено одговорните проекти за заедницата, со цел за изградба на поубав, похуман, порамноправен и посреќен свет за сите.

Наградите на Адора инженеринг, Халкбанка, Адинг и Киро Дандаро, во присуство на министерот без ресор во македонската влада д-р Зоран Шапупиќ, им ги врачија почесните гости од Меѓународниот комитет на „Креатори на столетието“ и Меѓународниот економски форум „Перспективи“, кои го најавија Светскиот конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во октомври годинава во Скопје.

 

ПР СЕКТОР АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ                                                                          СКОПЈЕ, 03.05.2019

Архива