DSCN4334

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ-ГЕН. ДИР. НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ИМ СЕ ОБРАТИ НА ДИПЛОМИРАНИТЕ И МАГИСТРИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА АМЕРИКАН КОЛЕЏ-СКОПЈЕ

Генералниот менаџер на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на дипломираните и магистрираните студенти на Американ колеџ Скопје од генерацијата 2013-2014 им посака успешна професионална кариера и светла иднина по првиот поголем успех во нивното образование, за што дипломите беа доделени на церемонијата што се одржа синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје. На многубројните дипломци и магистри, во присуство на нивните професори, родители и гости од деловната заедница, проф. д-р Чифлиганец како прв говорник на свеченоста, им порача да не застануваат по завршувањето на образованието, туку со трудољубивост, макотрпна работа, упорност и верба во себеси, не потклекнувајќи пред искушенијата и проблемите, храбро да чекорат кон остварување поставените  цели, за што треба постојано да се усовршуваат, да ги следат актуелните достигнувања во светот и да се надградуваат.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со ректорот и деканите на свеченоста со дипломците на Амеркан колеџ Скпоје

„Животот е патување на кое треба целосно да уживате во сѐ што правите, каде работата е важна алка, за што е неопходна квалитетна едукација, за што во моментов во Македонија најдобри услови нуди најдобриот универзитет Американ колеџ Скопје, каде на магистерски студии се и неколкумина вработени во Адора Инженеринг. Треба да сте горди што Вашето знаење го стекнавте на овој универзитет и во иднина да продолжете со образованието и професионалните успеси, како носители на развојот за подобро општество и посреќна иднина на Македонија“.- им порача д-р Чифлиганец на дипломираните и магистрирани студенти на Американ Колеџ, пренесувајќи им дел од своето искуство од дипломирањето, магистрирањето и докторирањето на универзитетот во Белград и од успешното бизнис менаџирање.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец им се обрати на присутните на свеченоста за доделување дипломи на Американ колеџ Скопје

Ректорот на Американ колеџ Скопје проф. д-р Марјан Бојаџиев изрази задоволство од обраќањето на д-р Чифлиганец, нарекувајќи го корифеј на македонското стопанство, од чии искуства во науката и практиката, можат да учат студентите и бизнисмените, како главни двигатели на развојот на економијата и државата. На свеченоста за првенец на генерацијата 2013/2014-та на Американ колеџ Скопје беше прогласена Теодора Арсова.

Теодора Арсова, првенец на генерацијата 2013/2014 на Американ колеџ со проф. д-р Чифлиганец и семејството на свеченоста

 

Дипломците на Американ колеџ Скопје на завршната церемонија во Александар Палас

Архива