DSC05870

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ПРОЕКТОТ „ОБУКА ЗА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ“ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА

АДОРА Инженеринг се вклучи во проектот „Обука за градежните работници за енергетска ефикасност“, што Европската Унија во рамките на европската програма за конкурентност и иновативност на потпрограмата Интелегентна енергија ќе го реализира до март 2014-та година. На првиот состанок кој се одржа во организација на Стопанската комора во Скопје, со учество на архитектите и  менаџментот на Адора Инженеринг, претставници на градежниот сектор, коморите, образовните институции и бизнис здруженија, беше истакнато дека ќе се обучат 200 тренери, кои ќе сертифицираат илјада градежни работници со  познавања од енергетската ефикасност од профилите гипс монтери, фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари. Адора Инженеринг, компанија што постојано ги следи новите трендови во градежништвото, ќе вклучи дел од вработените во обуките на проектот, чија цел е да обезбеди обучена работна сила за изградба на енергетски ефикасни објекти со што ќе се добие конкурентен градежен сектор во државата.

Адора Инженеринг-дел од проектот „Обука за градежните работници за енергетска ефикасност“ 

Пред учесниците на форумот за проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ беше истакнато дека првиот „енергетски пасош А-класа“, сертификат за енергетски карактеристики на згради во Македонија и е издаден на Адора Инженеринг за објектот Аеродром-Парк изграден во општина Аеродром, Скопје. Ова е уште една потврда за лидерската позиција што Адора Инженеринг ја има во воведувањето и унапредување на енергетски ефикасните домови, за што од големо значење се стручните кадри од оваа област во компанијата, дипломираните архитекти Нина Стрезовска, која е меѓу првите овластени  енергетски контролори во Македонија и Ивана Бајкова-Шаља, магистрант на постдипломските студии за енергетска ефикасност на Градежниот факултет во Скопје. Добивањето на првиот енергетски пасош А-класа во Македонија, за Адора Инженеринг е валоризација од надворешна лиценцирана компанија на одличните коефициенти и индикатори за енергетска ефикасност добиени со ангажман на високостручниот тим во компанијата кој постојано ги следи и применува најновите стандарди и технологии во градежништвото и енергетската ефикасност во проектирањето и изградбата на станбено-деловните објекти на овој потврден градежен бренд.

Проектантското биро на Адора Инженеринг со високостручни кадри за енергетска ефикасност

Прв „Енергетски пасош А-класа“ во Македонија издаден за објект Аеродром-Парк-Скопје на Адора Инженеринг
Архива