ИЗЛЕЗЕ ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА ЗА СТАНБЕНИОТ ОБЈЕКТ НА Г.П. 3.16 ВО НОВО ЛИСИЧЕ-ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Со одобрение за градба број 23-119 КО Кисела Вода 2, се гради станбено-деловниот објект на Г.П. 3.16 во Ново Лисиче, Општина Аеродром, Скопје. Елитниот објект, чиј проектант и изведувач е градежната компанија Адора Инженеринг, а инвеститор компанијата ГЛИЦ ГРУП 2012 е со висина приземје плус девет ката, ќе има 72 висококвалитетни станови со површина од 29 до 60 м², луксузни деловни простории со површина од 60 до 107 м² и модерни паркиралишта за возилата на станарите. Новиот еко станбен објект од високата А енергетска класа на Г.П. 3.16 е во елитната населба „Адора“ со девет станбено-деловни објекти и модерен трговски центар, во Ново Лисиче, во модерната општина Аеродром, Скопје, непосредно до булеварот АСНОМ, на главните сообраќајни артерии за влез и излез од Скопје, од и кон Велес, Куманово и Белград. Станбено-деловниот комплекс „Адора“ е лоциран во близина на детска градинка, основно училиште, универзитети, трговски центри, банки, спортски објекти, паркови, кејот на реката Вардар, црквата Свети Јован Крстител во паркот со авион, донација на Адора Инженеринг, идниот аква парк и други атрактивни содржини во општина Аеродром, што овозможуваат лесно секојдневно функционирање на станарите. 

Модерен станбено-деловен комплекс „Адора“-Ново Лисиче, Аеродром, Скопје

Архива