Objavi 1

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ВО ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ ЗА „ВЕШТАЧКИОТ ЗЕМЈОТРЕС“ НА „АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ“ И ИЗИИС

Научната потврда на врвната асеизмичка стабилност на елитните станбени објекти на „Адора Инженеринг“ со симулираниот „вештачки земјотрес“ на станбена  десеткатница во општина Аеродром, Скопје, предизвика огромен интерес во јавноста и во медиумите, за што потврда се и повеќе од 60-тината објави во печатените, електронските и интернет медиумите. Успешниот проект што „Адора Инженеринг“ заедно со ИЗИИС го реализира по повод 50 години од скопскиот земјотрес, е потврда на сигурноста на станарите дека живеат во стабилни згради, кои добија „асеизмички пасош“, откако типската станбена зграда на „Адора Инженеринг“ помина без никакви оштетувања по вештачкиот потрес со јачина од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала.

На следниот линк видете го видеото од „вештачкиот земјотрес“ на станбена десеткатница на Адора во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје:

http://youtu.be/h6qthpnM__Y

Архива