DSCN4255

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Градежната компанија Адора Инженеринг го доби 9-тото високо национално признание за ООП, плакета за 2013 година, во категоријата „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“. Признанието што министерот за економија Беким Незири и го додели на д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат квалитетно, здраво и економично домување по европски стандарди.

Признание на Адора Инженеринг за проектот „Заедно ја градиме иднината“

„Двата елитни станбено- деловни објекти Аеродром-Парк и Аеродром-Црква ги надминуваат барањaта од Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија и се први колективни станбени згради изградени од високата А класа. Елитните висококвалитетни станбени објекти со врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност, на станарите им штедат енергија за греење и ладење, трошејќи до 6 пати помалку од порано, а со поставувањето заедничко осветлување со фотоволтаици и инсталирањето штедливи светилки на сензори, овозможуваме  поквалитетно и поекономично домување. Намалената потрошувачка на енергија не значи само финансиско намалување на трошоците туку и намалување на емисијата на CO2 со што придонесуваме за почиста и поздрава животна средина“ – посочи извршниот директор во Адора Инженеринг д-р Драгана Д. Чифлиганец.

Проектот опфаќа и хортикултурно уредување и оплеменување на просторот околу зградите за разубавување и подобрување на животниот простор

Ова високо признание е 4-то што во областа на животната средина Адора Инженеринг го добива од Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и министерството за економија.

Елитен станбен објект на Адора Инженеринг од високата А класа

Архива