НОВОСТИ

НОВОСТИ

НОВ ЕЛИТЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ГРАДИ АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СРЦЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

НОВ ЕЛИТЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ГРАДИ АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СРЦЕТО НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

„Адора Инженеринг“ забележа нов градежен рекорд, подигнувајќи за само 56 дена нов елитен станбено-деловен објект во срцето на општина Аеродром во Скопје, во близина на Меѓународната железничка и автобуска станица, на просторот на старите воени бараки, за кој општина Аеродром го издаде првото електронско  одобрение за градба со бр. 23 – 100. Овој висококвалитетен објект е изграден до 14-тата плоча, на 13 нивоа и досега во него се вградени 5.000 м³ бетон и 600 тони железо. Првиот од трите станбено-деловни објекти проектирани на оваа локација, ќе има 100 ексклузивни модерни станови и деловни простории, како и современи надземни и подземни  паркиралишта. Комплексот со трите нови елитни станбено-деловни објекти се наоѓа до булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански, во близина на црквата Свети Илија, здравствената поликлиника Јане Сандански, Основното училиште Блаже Конески, две детски градинки, трговски центри, банки и други институции.

Новоизградениот елитен станбено-деловен објект на Адора во Скопје-Центар-Аеродром
Локацијата во општина Аеродром-Скопје пред изградбата на новите објекти на Адора

Во трите  објекти, кои ќе бидат на девет ката, ќе има по стотина елитни станови со површина од 32 до 83 м², изградени со врвна асеизмичка стабилност, со темелна плоча од 120 см, со стабилна и цврста армирано бетонска конструкција, со  квалитет според европските стандарди, енергетски ефикасни материјали и висок степен на хидро и термоизолација, со вградување на 10 цм стиропор во надорешната фасада. Проф. д-р Петар Николовски, стручњак за енергетска ефикасност, ги потврди енергетските карактеристиките на објектот со елаборат за топлинска заштита, според кој станарите ќе имаат долгорочна заштеда на енергија и пари, со намалена потрошувачка на енергија за греење за 4 пати. Новите елитни објекти ќе бидат со интересна архитектура и функционални решенија на станбените единици, со уредена и хортикултурно оплеменета околина за модерно урбано живеење и релаксација на станарите.

Новите стабено-деловни објекти на Адора во општина Аеродром-Центар-Скопје

Од почетокот на градба, во која учествуваат стотина вредни градежни работници-неимари, целиот менаџерски тим на „Адора Инженеринг“, предводен од генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, инженерскиот и архитектонски тим и комплетниот стручен потенцијал на компанијата, се целосно посветени на работата на новиот станбен објект. „Визијата на Адора Инженеринг, САМО ДЕЛАТА СЕ ВИСТИНА се остварува и натаму за брза и квалитетна изградба на сигурни и економични еко домови по најновите европски стандарди.  Потврда за тоа е новиот станбено-деловен комплекс кој го градиме во центарот на општина Аеродром-Скопје, за кој има голем интерес кај купувачите, чија доверба е наша обврска и голема морална одговорност за безбедно живеење на граѓаните  во иднина“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“.

Ген. дир на „Адора Инженеринг“ проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Градежните работници на „Адора Инженеринг“ на изградба на новиот објект во Аеродром
 

                               

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ