НОВОСТИ

НОВОСТИ

НА 14 ЈУНИ ( сабота ) ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕН НОВИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

НА 14 ЈУНИ ( сабота ) ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕН НОВИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Со голем црковно-народен собир, на 14 јуни ( сабота ) кој ќе трае од 9 до 12 часот, ќе биде осветен и отворен новиот црковен храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром, Скопје, изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со митрополитите: преспанско-пелагониски г. Петар, брегалнички г. Иларион, тетовско-гостиварски г. Јосиф, кумановско-осоговски г. Јосиф, епископот Хераклејски г. Климент и повеќе свештеници на МПЦ, во присуство на ктиторот д-р Чифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани на Скопје и Македонија.

Новиот храм Свети Јован Крстител, кој две години се градеше на атрактивна локација, во паркот со авион во Општина Аеродром, на кејот на македонскиот Јордан-реката Вардар, е петкуполна  црква со специфична, древна архитектура, а во комплексот има камбанарија, фонтана и парк.

Свеченото отворање на црковниот храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром, Скопје, на што се поканети сите граѓани на Македонија, ќе биде збогатено со културно уметничка програма со настапи на познати имиња од црковната, народната и забавната музика.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ