АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА ТРЕТИОТ ЕЛИТЕН СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ЕКО ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ ЦЕНТАР

Со добивање одобрение за градба со број 23-144 К.О. Кисела Вода 2, Адора Инженеринг започна со изградба на нов, трет елитен станбено-деловен објект во срцето на општина Аеродром, во близина на строгиот центар на метрополата и меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје. Објектот кој се гради со врвна геомеханичка, асеизмичка стабилност и енергетски карактеристики од високата А-класа, е деветкатница, каде проектирањето, инвестирањето, изведувањето и надзорот се на Адора Инженеринг. 

Потврдена геомеханичка стабилност на градежна јама 50-66 Mpa (11.10.2014)

Градежната оператива на Адора Инженеринг работи на темелната плоча, во која се вградуваат 1.100 м³ бетон и 105 тони железо, а за цврстината и стабилноста на станбено-деловниот објект гаранција се планираните 5.000 м³ бетон и 500 тони железо, што ќе се вградат во армирано-бетонските конструкции на целата зграда. 

Висока асеизмичка стабилност на армирано-бетонска плоча 100 кг железо на 1 м³ бетон 

12.10.2014

12.10.2014

Новиот објект „Аеродром-Парк 2“, кој е во близина на првиот објект што Адора Инженеринг го изгради на просторот на поранешните воени бараки и црквата Свети Илија во Скопје, е проектиран на девет ката, со станови со површина од 42 до 80 м². Во објектот има луксузни деловни простории со површина од 42 до 101 м², со можност за спојување во еден простор од 255 м², како 85 модерни паркиралишта на три нивоа. И овој станбено-деловен објект на Адора Инженеринг се гради според најновите стандарди за сигурна, квалитетна и економична градба, со енергетска ефикасност со одлични индикатори, во стил на потврдените еко домови А-класа, препознатливи за овој градежен бренд, со постојано воведување новини и напредни технологии. 

Главни инженери-одговорни за изведба на објектот: Стефан Орачевски, Вангел Ташовски и Блажо Манаилов со проф. д-р Ванчо Чифлиганец-ген. дир. на Адора Инженеринг  

13.10.2014

13.10.2014

Зад високата безбедност и квалитет на новиот елитен објект на Адора Инженеринг стои искусен, професионален и стручен тим, предводен од потврдено успешниот генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одговорните во градежниот дел: инженер Стефан Орачески, раководител на објектот, Вангел Ташовски, Блажо Манаилов, Миле Јовановски, Спасо Иванов, Миле Крстев и Благоја Ѓуров, за техничкиот дел и оперативата: Љупчо Ивановски, Сречко Серафимов, Марјан Јовановски, Илија Илиев, Ристе Ефтимов, Јован Миличински, Миодраг Павловски и проектантското биро со архитектите Ванчо Ѓеорѓиевски, овластениот енергетски  контролор  Нина Стрезовска и Ивана Бајкова-Шаља, стручњаци за енергетска ефикасност, архитектите Роберт Старделов, Софија Дуљанова и Марија Блажевска и врвни мајстори-градители, афирмирани низ светот. Станбено-деловниот објект „Аеродром-Парк 2“ и другите две згради на Адора Инженеринг во срцето на општина Аеродром, се во лоцирани во близина на булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифовски-Питу, здравствената поликлиника Јане Сандански, основното училиште Блаже Конески, детска градинка, трговски центри, банки и други можности, кои нудат одлични услови за  живеење, бизнис и рекреација на граѓаните во центарот на Скопје.  

Армирано-бетонска плоча на објeкт Аеродром-Парк 2 со врвна стабилност и цврстина 

14.10.2014

15.10.2014
Елитен станбено-деловен комплекс АДОРА- „Аеродром-Парк 1 и Аеродром-Парк 2“ до центарот на Скопје
Архива