DSCN4478

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ ПЛАКЕТА ЗА 65 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

По повод 65 годишниот јубилеј на Градежниот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, Адора Инженеринг доби плакета за успешна соработка и  особен придонес за развојот и афирмацијата на факултетот. На свеченоста што  денес се одржа во присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници на науката и бизнис заедницата, на генералниот директор на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец плакетата му ја врачи деканот на градежниот факултет проф. д-р Милорад Јовановски, кој истакна дека градежништвото денес е многу цената професија во Македонија, со учество од 30 % во општествениот производ. Адора Инженеринг како општествено одговорна компанија, често ги помага образованието, науката, стручните форуми и конференции, во чии рамки е и соработката со  градежниот факултет во Скопје, со цел да се поддржат студентите и научно-истражувачката дејност, што има големо значење за напредокот на економијата и целокупниот развојот на општеството, како и за афирмацијата на Македонија во светот. 

Плакета за Адора Инженеринг за успешна соработка со Градежниот факултет-Скопје
Архива