vest-18-01

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН, СЕ ПОСТАВИ КАМЕН ТЕМЕЛНИК И СЕ ГРАДИ КАМБАНАРИЈА НА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН, СЕ ПОСТАВИ КАМЕН ТЕМЕЛНИК И СЕ ГРАДИ КАМБАНАРИЈА НА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

По повод Велигденските празници, се постави камен темелник и се гради камбанарија на црквата Свети „Јован Крстител“ во новиот парк во општина Аеродром, Скопје, донација на градежната компанија „Адора Инженеринг“. Поставена на северната страна во дворот на црквата, камбанаријата висока над 18 метри е во духот на христијанството и според традицијата и каноните на МПЦ.

Црквата Свети Јован Крстител-Скопје доби камбанарија

 

Камбанаријата изработена од бетонска конструкција, ќе биде обложена со природен материјал со највисок квалитет, како и црквата, а околу прозорите ќе има декоративна тула. Качувањето во камбанаријата ќе биде по скали од челична конструкција. Црквата Свети „Јован Крстител“ е донација на “Адора Инженеринг“ и ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството на општина Аеродром, каде компанијата има најголеми инвестиции, за граѓаните на Скопје и Македонија. 

Нова камбанарија на црквата Свети Јован Крстител-Скопје

 

Црква Свети Јован Крстител-Скопје, донација на Адора Инженеринг

Архива