НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Г. Г. СТЕФАН И ДРУГИ КОМПЕТЕНТНИ ЛИЧНОСТИ ЈА ПОСЕТИЈА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Г. Г. СТЕФАН И ДРУГИ КОМПЕТЕНТНИ ЛИЧНОСТИ ЈА ПОСЕТИЈА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, проф.   д-р Елизабета Димитрова, познат византолог, професор на Институтот за историја на уметост и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и проф. д-р Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници,  денеска ја посетија црквата Свети Јован Крстител, што како донација на Адора Инженеринг се гради во паркот со авион во Скопје, Ново Лисиче, општина Аеродром. Гостите, заедно со ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг и зоографот, академскиот сликар Венко Цветков, го разгледаа црковниот храм и ги анализираа  фазите на изградба и неговото фрескоживописување, со цел секој со својата стручност и компетентност да даде  мислење, оценка и насоки, како придонес  за натамошната реализација на овој значаен проект. Новата црква посветена на Свети Јован Крстител, на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, се гради како подарок на ктиторот д-р Чифлиганец, неговото семејство и Адора Инженеринг на сите православни верници во општина Аеродром, каде компанијата има најголеми инвестиции, со 11 станбено-деловни објекти, каде живеат 800 семејства, на градот Скопје и на Македонија.

Архиепископот г. г. Стефан, проф. д-р Димитрова и проф. д-р Божиновска во посета на црквата Св. Јован Крстител

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ