НОВОСТИ

НОВОСТИ

СТУДЕНТИТЕ ОД ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И НОВИНАРСТВО ВО ПОСЕТА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

СТУДЕНТИТЕ ОД ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И НОВИНАРСТВО ВО ПОСЕТА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Студентите во прва година на Високата школа за односи со јавност и новинарство со професорот Александар Стамболиев, беа во посета на Адора Инженеринг Скопје, практично да дознаат како функционираат менаџментот и односите со јавност во една компанија во непосредна комуникација и дискусија со нејзиниот  менаџмент.

Студентите во прва година на Високата школа за односи со јавност и новинарство со професорот Александар Стамболиев, беа во посета на Адора Инженеринг Скопје, практично да дознаат како функционираат менаџментот и односите со јавност во една компанија во непосредна комуникација и дискусија со нејзиниот менаџмент. Фото: 1498, натпис: Студентите од Високата школа за односи со јавност и новинарство во посета на Адора Инженеринг Генералниот директор на Адора Инженеринг Скопје проф. д-р Ванчо Чифлиганец ги запозна младите студенти со неговото професионално искуство од почетоците до денес, поткрепено со постојаната едукација, 11 годишното менаџирање со државен капитал и 11 години управување со приватна компанија, која сега е лидер во градежништвото и 11-та најуспешна компанија во Македонија. Според д-р Чифлиганец, најважно за успешеното менаџирање е непосредната комуникација со вработените од сите сегменти, добра стратегија и конкретна цел во бизнисот, координираност на секторите, баланс меѓу искуството и младоста, традиционалните вредности и иновациите, опсежните анализи, постојано да се биде во тренд со светските текови, воведување новини и храбра и разумна проценка за отворање нови можности во бизнисот. Фото: 1494, натпис: Како се менаџира и кој е рецептот за успешен бизнис во практиката-студените со менаџментот на Адора Инженеринг Извршниот директор на Адора Инженеринг д-р Драгана Чифлиганец им ги пренесе на студентите сопствените искуства од теоретската едукација и практичната работа, сопствениот развоен пат до менаџерската позиција, како и за важната улога на примената на современите стандарди за успешна работа на компанијата. ПР менаџерот Нина Кепеска го истакна знечењето на коректната комуникација внатре во компанијата и односите со надворешната јавност, преку медиумите, пр соопштенија, интернет маркетингот и сите алатки за создавање, негување и надградување на идентитетот и добриот имиџ на компанијата. Адора Инженеринг Скопје е отворена за посети на студентите од факултетите и универзитетите во Македонија кои сакаат да видат како изгледа реалниот бизнис, како и за реализирање на практичната работа на студентите.

Генералниот директор на Адора Инженеринг Скопје проф. д-р Ванчо Чифлиганец ги запозна младите студенти со неговото професионално искуство од почетоците до денес, поткрепено со постојаната едукација, 11 годишното менаџирање со државен капитал и 11 години управување со приватна компанија, која сега е лидер во градежништвото и 11-та најуспешна компанија во Македонија. Според д-р Чифлиганец, најважно за успешеното менаџирање е непосредната комуникација со вработените од сите сегменти, добра стратегија и конкретна цел во бизнисот, координираност на секторите, баланс меѓу искуството и младоста, традиционалните вредности и иновациите, опсежните анализи, постојано да се биде во тренд со светските текови, воведување новини и храбра и разумна проценка за отворање нови можности во бизнисот.

Како се менаџира и кој е рецептот за успешен бизнис во практиката-студените со менаџментот на Адора Инженеринг

Извршниот директор на Адора Инженеринг д-р Драгана Чифлиганец им ги пренесе на студентите сопствените искуства од теоретската едукација и практичната работа, сопствениот развоен пат до менаџерската позиција, како и за важната улога на примената на современите стандарди за успешна работа на компанијата. ПР менаџерот Нина Кепеска го истакна знечењето на коректната комуникација внатре во компанијата и односите со надворешната јавност, преку медиумите, пр соопштенија, интернет маркетингот и сите алатки за создавање, негување и надградување на идентитетот и добриот имиџ на компанијата. Адора Инженеринг Скопје е отворена за посети на студентите од факултетите и универзитетите во Македонија кои сакаат да видат како изгледа реалниот бизнис, како и за реализирање на практичната работа на студентите. 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ