IMG_2070

ПOСТАВЕНА Е ЧЕТВРТАТА ПЛОЧА НА ЕЛИТНИОТ ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ПАРК 2“ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СКОПЈЕ

Градежната компанија Адора Инженеринг, ја постави четвртата плоча над приземје, на елитниот станбено-деловен објект „Аеродром Парк 2“  кој гарантира квалитетно, сигурно и економично домување за 100 семејства во енергетски објект од високата А класа.

Под будното око на стручниот и високопрофесионален тим на градежни инженери, брзите градители и вредни мајстори на Адора Инженеринг,  ја бетонираа и армираа четвртата плоча, во која се вградени 20 тони железо и 165 м 3 висококвалитетен бетон од Цементарница УСЈЕ, со цврстина на бетон  МБ 35.

Според утврдената работна динамика, последната плоча на елитниот станбено-деловен објект „Аеродром Парк 2“ треба да се постави до крајот на декември годинава.  Со целосно посветена и високостручна работа, се предвидува изградбата на станбениот објект „Аеродром Парк 2“ да заврши пред утврдениот рок, со што ќе се постави уште еден градителски рекорд, синоним  за градежниот бренд Адора Инженеринг. 

Архива