IMG_0993

МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС-ПРЕЗЕНТИРАНА УСПЕШНАТА ГРАДИТЕЛСКА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ЛЕТНА ШКОЛА 2013

Успешната развојна градителска приказна на Адора Инженеринг преку предавање на тема „Менаџмент и лидерство за успешен бизнис, Адора Инженеринг-Скопје“ беше  презентирана од страна на генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец на Летната школа 2013 „Направи разлика-стани корпоративно општествено одговорен европски лидер“, што започна денес на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, денес во Скопје. Пред младите студенти од регионот, успешни економски субјекти од Македонија, претставници на државните и високообразовни институции деловни партнери и соработници, проф. д-р Чифлиганец направи пресек на теоријата и практиката преку примерот на Адора Инженеринг ставајќи акцент на клучот за нејзиниот 11 годишен раст и развој, потврден со првото место според успех меѓу градежните компании и 12-тото место меѓу најуспешните компании во Македонија во 2012 година.

                                            

 

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец на презентацијата за менаџмент, лидерство и успешен бизнис на Адора Инженеринг

 

-Откако во 2002 година одлучив да се занимавам со градежништво, ја основав  Адора Инженеринг и исклучиво се посветив на приватниот бизнис, со цел на купувачите да им понудиме поголема сигурност, поквалитетно и поекономично  домување. Мобилизирајќи го целото знаење и стручност, со постојано зголемување на бројот на вработените, нивно усовршување и примена на меѓународните стандарди, постигнавме конкурентност и препознатливост на пазарот на високоградбата. Клучот на успешното менаџирање и успешната компанија се должи на постојаниот непосреден контакт со архитектите, инженерите, мајсторите и сите вработени, со кои заедно работам во многу студено и жешко време, се соочувам со проблемите, се раѓаат идеите и мотивацијата за одење напред. Тајната на успешниот лидер е во посветената работа со љубов, упорноста, храброста да се соочи со ризиците и да изгради добар тим за работа-потенцира проф. д-р Чифлиганец, кој својата презентација ја поткрепи со емпириски показатели на успешниот развоен тренд, најзиниот развој како еколошка и општествено одговорна компанија, како и храброста за потврда на врвната асеизмика на станбените згради со „вештачкиот земјотрес“, организиран заедно со ИЗИИС во јули годинава.

 

 

                                               

 

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец на отворањето на Летната школа 2013 на Економскиот факултет-Скопје

 

Проф. д-р Чифлиганец на младите студенти им порача дека можат да успеат доколку имаат поголеми знаења, желба, храброст и визија тоа го преточат во практиката со посветена работа. Одговарајќи на прашања на присутните, ген. дир. на Адора Инженеринг ја потврди подготвеноста за рамноправен натпревар со странските инвеститори со работа и само работа, чии можности никогаш не се целосно исцрпени. 

                                                          

Студенти и присутни на презентацијата на Адора Инженеринг-Скопје

 

На отворањето на Летната школа 2013, која продолжува со работа во Охрид со  решавање на конкретни проблеми поставени од компаниите пред студентите, беа претставени винаријата Тиквеш, Битолска млекара и Капитал медиа груп Македонија.

 

                                             

Слушатели на отворањето  на Летната школа 2013 на Економскиот факултет-Скопје 

Архива